model_bolesti

Модел за
болести

Meteobot® станицата своите измерени податоци преку GPRS технологија ги праќа податоците до сервер каде што е поставен софтвер на модел за прогноза на болестите многу видови на култури.

Овој софтвер за модел на прогноза на болести секоја година се надополнува со нови култури во зависност од потребите и желбите на нашите клиенти.

Обработените метео податоци од вашата локација се обработуваат софтвер за модел на прогноза на болести, од каде што добивате навремена информација за почетокот, траењето и интензитетот на напад на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно.

Со ова се овозможува прецизно одредување на рокот за третирање на заштирни препарати но и олеснет изборот на препарати.

Освен тоа, се овозможува прециздно дозирање на рокови и порции на наводнување, примената на агротехнички мерки после мраз или други временски шокови на растенијата.

Во суштина ви се даваат информациите кои ви се потребни да ги добиете најдобрите можни резултати за што подобар раст и принос на вашиот насад.

Со правилна примена ќе успеете да направите значајни заштеди на средствата за заштита, човечкиот труд и работата на механизацијата.

Целта е една - да се користи заштита само кога треба

Климатските промени донесоа големи предизвици за земјоделците и агрономските пракси што се применуваат не можат повеќе едноставно само да се пресликуваат од година во година.Потребно е да се надгледува производството на сите нивоа и да се реагира во реално време штом ќе се воочат потенцијалните ризици.

Во просек 35% од уништениот род се должи на задоцнета заштита

Мобилна
апликација

application screenshot

Meteobot® е апликација која што е развиена за мобилни уреди кои имаат пристап до интернет.

По превземањето и инсталацијата добивате код со кој успешно се логирате на вашиот Meteobot® профил.

Преземете ја мобилната апликација за да ги погледнете моменталните и историски податоци како и временска прогноза од вашите агрометеоролошки станици.

На мобилната апликација може да ги следите следниве податоци:

  • Метеоролошки податоци во реално време
  • Локална временска прогноза за 10 дена однапред
  • Температурна сума, сума на врнежите и други агрономски индикатори
  • Метео историја на секоја ваша локација


Мобилната апликација Meteobot® бесплатно можете да ја користите на македонски јазик.

Со мобилната апликација Meteobot® добивате локална временска прогноза за одредена област за која сте заинтересирани и каде што е поставена станицата. Прогнозата вклучува:

  • Температура на воздухот
  • Релативна влажност на воздухот
  • Количество на врнежи
  • Атмосферски притисок
  • Брзина и правец на ветер
  • Облачност
  • Магла (видливост)
  • Точка на роса
  • Услови за невреме